Филмови

ПОСЛЕДНИОТ ЛОВЕЦ НА ВЕШТЕРКИ -сабота, 06 јануари 2024 – 22:05

Последниот ловец на вештерки стои помеѓу човештвото и здружение сили од најпознатите застрашувачки вештерки во историјата.

Современиот свет крие многу тајни, но најневеројатната тајна од сите е дека вештерките сè уште живеат меѓу нас; злобни натприродни суштества со намера да ја ослободат црната смрт врз светот. Армии на ловци на вештерки со векови се бореле со неприродниот непријател ширум светот, вклучувајќи го и Колдер, храбриот воин кој успеал да ја убие семоќната кралица Вештерка, десеткувајќи ги нејзините следбеници во тој процес. Во моментите непосредно пред нејзината смрт, кралицата го проколнува Колдер со сопствената бесмртност, засекогаш одвојувајќи го од неговата сакана сопруга и ќерка во задгробниот живот. Колдер е единствениот од неговиот вид преостанат и поминал векови во лов на непријателските вештерки, цело време копнеејќи по своите одамна изгубени сакани. Сепак, без да знае Колдер, кралицата вештерка воскреснува и бара одмазда на нејзиниот убиец предизвикувајќи епска битка која ќе го одреди опстанокот на човечката раса.

Вин Дизел … Роуз Лесли… Елајџа Вуд

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе