Вести Свет

Нетанјаху: Хамас одби гориво за болницата Ал Шифа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел и понудил гориво на болницата Ал Шифа во Газа, за да може да продолжи со работа, но дека милитантите ја одбиле понудата.

– Синоќа им понудивме доволно гориво за работа на болницата, работа на инкубаторот и слично, бидејќи не водиме битка со пациенти или цивили, рече Нетанјаху.

Израелската армија соопшти дека е подготвена да ги евакуира бебињата од Ал Шифа денеска, но палестинските власти предупредија дека има повеќе луѓе заробени. Досега починаа три бебиња, а загрозени се уште десетици поради прекинот на струја во болницата.

– Само што понудивме на Ал Шифа болничко гориво, тие го одбија, одговори Нетанјаху на прашањето дали Израел има план да доставува гориво во Газа за напојување на болниците.

Хамас, додаде тој, се крие во болниците и се позиционира таму, тие не сакаат гориво за болницата… тие сакаат да добијат гориво за да го однесат од болниците до нивните тунели, до нивната воена машина.

Хамас ги негира израелските обвинувања дека има командни пунктови под Ал Шифа и други болници во Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Најдоцна до 12 мај Собранието треба да ја прогласи Сиљановска Давкова за претседател, тогаш му истекува мандатот на Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе