Вести Македонија

Или линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари или радикализација на протестите најавија пензионерите

Пензионерка јадеше лук и вода пред Владата за да покаже како живеат пензионерите во Македонија. Ова е една од многуте пензионери од Македонија кои дојдоа на протест во Скопје…Бараат линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, а ако тоа не се случи најавуваат радикализација на протестите. Највозрасните прво се собраа пред Американската амбасада каде што побараа средба со амбасадорката Агелер за да и ја кажат, како што велат, мизерната состојба во која што се наоѓаат, но по еден час чекање беа одбиени.

Од Американската амбасада пензионерите го продолжија протестот до илинденска бр 2 и со пораки и апели побараа покачување на пензиите. Не изостанаа ниту свирежи и пароли со оставка за министерата за труд и социјала Јована Тренчевска.

„Ние бараме зголемување на пензиите за 5.000 денари“, вели граѓанин.

„Бараме линеарно покачување пензиите и тоа ќе го оствариме. Ќе го истераме ѓаволот од таму од таа дупка да си знаат“, вели друг граѓанин. 

„Додека не ни дадатсе ќе стопираме, секој ден тука ќе протестираме“, вели друг граѓанин.

„Лековите се зголемени, храната е зголемена, облеката е зголемена, трошоците се зголемени. Даноците ни ги зголемија 300% ние дури и ова е малку што го бараме“, вели граѓанка.

Организаторите побараа и средба со премиерот, но и од таму беа одбиени. Ова е трет поголем протест на пензионерите во Скопје. На претходните два највозрасните побараа линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари, што не е случај и денеска кога нивните барања беа линеарно покачување за 5.000 денари. Министерството за труд и социјала пред два месеци формираше работна група а се со цел решавања на проблемите на пензионерите. Во работната група се претставници на министерството, Владата, Сојузот на пензионери и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување но не и претставници на пензионерите кои ги организираат протестите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шимоните за „Фајненшл тајмс“: Литванија подготвена да испрати војници во Украина за обука

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста се зголемува, поголема заинтересираност за Парламентарни отколку за претседателски избори

Дејан Дејан

Вучиќ: Суштинско и длабоко продлабочување на односите со Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе