Вести Свет Топ вести

Шест милијарди евра од ЕУ за реформи на Западен Балкан

Европската Унија (ЕУ) планира да им помогне на земјите од Западен Балкан да ги продолжат реформите кои се потребни за интеграција во блокот со инвестиција од шест милијарди евра.

Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина треба да го искористат „прозорецот на можности“ за проширување на ЕУ и да работат на усогласување на нивните стандарди со тие на земјите членки, порача од Скопје претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа појасни дека новиот план за раст на ЕУ за регионот ќе вклучува отворање на заедничкиот пазар за земјите од Западен Балкан во области како што се слободното движење на стоки и услуги, транспорт и енергија. Ги повика земјите да отворат заеднички регионален пазар и да продолжат со неопходните реформи.

За земјава рече дека треба да го реформира своето деловно опкружување, да создаде ефикасна јавна администрација, да има здрави јавни финансии и да ја подобри борбата против корупцијата. Потсети и дека треба да го измени уставот за да ги признае Бугарите како малцинство, како што бара Бугарија, за да продолжи на патот кон ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Очекувам да ја зајакнеме соработката – Зеленски со честитки до Силјановска за победата на изборите

Дејан Дејан

Случај спортски ваучери-Мојсоски, Каевски и Димевски ќе се јавуваат во судот, но ќе ги задржат пасошите

Дејан Дејан

Ако толку сакате да се борите, уште утре одете во Украина – Салвини со порака до Макрон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе