Вести Култура

Зоран Анчевски: Кој не плати чланарина нема право да гласа на редовното Изборно собрание на ДПМ

Кој нема да плати чланарина, нема право на глас на претстојното редовно Изборно собрание на Друштвото на писатели на Македонија, закажано за 1 јуни. Ова го кажа новиот потпретседател Зоран Анчевски, кој беше избран од Претседателството на Друштвото , минатиот месец. Според Анчевски, за Изборното собрание се подготвуваат и измени и дополнувања на Статутот на ДПМ, зашто стариот од 2011 година е нефункционален, а треба да се гласа на редовното Собрание.

На 12 мај истекува рокот за плаќање на чланарината за 2023 и 2024 година, ако сака секој член на ДПМ да гласа на претстојното редовно Изборно собрание, закажано за 1 јуни, на кое ќе се бираат нови претседатели на Друштвото и на неговото Собрание, како и членови на други тела. Но, по ревидирањето на регистарот на членови, со бришење на починатите и оние кои се откажале од членството, од околу 270 , чланарината до сега ја подмириле едвај 70 членови, вели новиот потпретседател на ДПМ , Зоран Анчевски, избран од Претседателството минатиот месец.  Според него , тие што не платиле ќе го изгубат правото на глас на Изборното собрание.

  • Тие членови кои ќе ја подмират својата чланарина за минатите две изборни години , собраниски години, тие го стекнуваат и правото на глас. На тој начин се врши дополнително прочистување на регистарот на членови, со тоа што оние што нема да ја платат чланарината , нема да го загубат членството, туку преминуваат во пасивно членство. Во моментот кога ќе ги намират чланарините што ги должат, си го враќаат активното членство и правото на глас, вели Зоран Анчевски, потпретседател на ДПМ.

Од тие причини од ДПМ испратиле околу 290 писма до членството, за подмирување на чланарината. Анчевски  не ја исклучува можноста , по две пропаднати вонредни изборни собранија, лани во ноември и во јануари годинава, да пропадне и ова редовното Изборно собрание, доколку не се обезбеди цензус, што согласно Статутот на ДПМ значи присуство на половина плус еден од вкупниот број активни членови. Сепак потпретседателот се надева дека неплаќачите само ќе го намалат бројот на активното членство, а собранието ќе се одржи. Во рамките на подготовките за неговото одржување, правен тим работи на измени и дополнувања на Статутот на Друштвото од 2011 година, кој треба да се гласа на Изборното собрание.

  • Од тој , стариот Статут произлегоа многу недоразбирања и неможности да се направи кворум  за Собрание во претходните два наврати. Многу е битно да се заврши процедурата за изготвување на тие дополнувања и измени на Статутот, вели потпретседателот Анчевски.

Кризата во која западна ДПМ според потпретседателот не е од лани есента, туку трае повеќе од 15 години , како резултат на структурната поставеност на Друштвото и поради отсуство на здрава законска легислатива и основи на кои ќе се потпира ова здружение. Во пресрет на Изборното собрание, кандидатите за функции имаат рок до 15 мај да ги достават кандидатурите и програмите за работа. А, досега пристигнале две, за претседател на ДПМ . Од Живко Грозданоски и од Мирче Нешовски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе