Вести Македонија Топ вести

Случај „Спортски ваучери“ – Мојсоски, Каевски и Димевски ќе се јавуваат во суд, но ќе ги задржат пасошите

Делумни мерки на претпазливост добија актуелниот и претходниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и Дарко Каевски, како и првиот човек на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски и уште 9 лица кои се обвинети за злоупотреби со доделувањето на спортските ваучери. Кривичниот суд им наложи на сите 12 обвинети еднаш неделно да се јавуваат кај определено службено лице во судот. Но, иако обвинителството бараше, судечкиот судија донесе одлука да не им ги одзема и пасошите.

Според соопштението на судот, обвинителот не доставил доволно докази, индиции и аргументи кои укажуваат на објективна опасност од бегство, како и докази кои упатуваат дека истите се имотни и кој имот може да ги искористат за да се дадат во бегство.

„Судот го ценеше и фактот дека обвинетите уредно и навремено се јавувале на сите покани на ОЈО што беше потврдено и од самиот обвинител, доброволно ги депонирале патните исправи до судот уште пред рочиштето за определување мерки за претпазливост, а дел од обвинетите доставиле и докази дека во следниот период имаат неодложни службени обврски во земјата и во странство како претставници и членови на Олимпискиот и комитет и Собранието на РСМ“, соопштија од Кривичниот суд. 

Мојсоски и Каевски, кој е актуелен пратеник од редовите на СДСМ се гонат за злоупотреба на службена положба, а Димевски, за несовесно работење додека беше претседател на Централната комисија за доделување на ваучерите.

Агенцијата за млади и спорт и комисијата се надлежни за распределба на парите наменети за федерациите, клубовите и спортистите кои добиваат ваучери, а одредена фирма се согласува да го реализира и со тоа добива даночно ослободување.

Мојсоски и Каевски ги отфрлија обвинувањата како политички мотивирани, неосновани и тенденциозни и дека ќе се докаже оти не го прекршиле законот. Обвинението беше покренато по иницијативата на Антикорупциска за доделување на ваучерите во периодот од 2020 до 2022 година.

Марија Митевска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе