Вести Македонија Топ вести

В.д. премиерот од Форино сам треба да си го уреди сопствениот двор – Арсовска му одговори на Џафери за обраснатата трева во владата

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска му одговори на техничкиот премиер Талат Џафери за прозивката за неискосената трева во дворот на Владата.

„На денешната прес-конференција во Владата, в.д. премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури, само за него познати, лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ било да се грижи за зеленилото во Влада“. Ако Талат Џафери досега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денеска нема да ја научи сигурно. Од в.д. премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува“, возврати Арсовска.

Арсовска наведе дека ЈП „Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови, површини кои се надлежност на претпријатието, согласно Закон.

„Ако в.д. премиерот Талат од Форино сака да ги ангажира да работат во Влада, за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија“, вели Арсовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе