Вести Економија Најважни

Ќе се спаси ли Македонија од нов ценовен шок, данокот за руски гас во рацете на Уставниот суд во Бугарија

Претседателот на Бугарија, Радев  денеска пред Уставен суд,  ја оспори владината одлука  за воведување на данок за руски гас кој поминува низ територијата на Бугарија. Очекувањата се дека таа ќе падне на суд. Како што пишуваат бугарските медиуми, во барањето до Уставен, Радев наведува дека со одлуката се прекршени голем број одредби содржани во бугарскиот устав. Но, и дека се прекршени принципите на гарантирање на правото на сопственост и слободната економска иницијатива. Медиумите пишуваат и дека режимот на санкции на ЕУ, не предвидува земја- членка на Унијата, самостојно да воведува дополнителни ограничувања.

Според, информации на Телма од Македонско- Бугарската Стопанска комора, бугарската влада се одлучила да воведе ваков данок, за да се зголеми конкуретноста на течниот гас во однос на рускиот, но и поради санцкиите кои ги има кон Русија. Исто така, од Комората посочуваат дека на одлуката реагирала и  ЕУ, со образложение дека  е спротивна на европските правила.

Со данокот освен Македонија, опфатени  се и Србија и Унгарија, но и други земји. Овој  енергенс во земјава големи количини користат компаниите во зоните. Првиот човек на ТИРЗ, Деспотовски  вели дека доколку  остане давачката, тоа сериозно ќе влијае на работата на фирмите. Не очекува да има намалување на производството и затворање на погодни, но трошоците во работата значително ќе пораснат, а тоа ќе влијае на другите одлуки на компаниите,  на пример за нови вработувања.

Заради ова и незнаејќи до кога ова ќе трае и дали може би тие 10 долари утре  ќе станат 20 имајќи во предвид  дека во Бугарија имаше локални избори и сето ова е поврзано и со тоа. Ќе речат компаниите да видиме што ќе се случува, заради трошоците и  наместо да примат 50 вработени ќе примат само 20 и тоа се вика трошок на нереализирана добивка и место да се вработува повеќе, ќе има помалку вработувања и тоа релно може да се случи, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Од компанијата која го врши преносот на гас во земјава НОМАГАС, веќе испратија и барање до колегите во Бугарија да се ослободи капацитетот на посточекиот гасовод  од закупот на  Гаспром за да може преку единствената цевка од каде влегува гасов во земјава, да се донесат поголеми количини и од други места.  о моментов според  податоците,  од други извори дозволено е да се испорачуваат само 5.000 мегават часови дневно, а во текот на зимата, земјава троши од 15 до 20 илјади мегават часови дневно. Барањето е пратено пред повеќе од една недела, но повратен одговор од таму се уште не добиле.

Данокот за руски природен гас кој се испорачува преку територијата на Бугарија, беше воведена минатата недела. Изнесува 20 бугарски лева или нешто над 10 долари по мегават час за гасот кој транзитира низ нивна територија. Според проценките Бугарија од оваа давачка ќе заработи над 1 милијарда евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе