Вести Свет

Гутереш обвини за очигледни прекршувања на хуманитарните права во Газа, Израел побара да си поднесе оставка

Жестока дебата се разгоре за време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на војната во Газа. Појасот виси на раб на хуманитарна катастрофа, предупредуваат сите агенции на ОН, додека Израел продолжува со воздушните напади, во кои, според Палестинците, досега загинале повеќе 5.800 цивили.

Ако велите дека го почитувате меѓународното право, меѓународното хуманитарно право и заштитата на цивилите, тогаш, ништо не може да го оправда тоа што Израел го прави. Ова е таргетирање цивили, или во најмала рака, нехумани, незаконски, неселективни напади. Ова е колективно казнување, изјави палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал малики.

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, ги повика и двете страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното хуманитарно право, осудувајќи ја загубата на невини животи во овој конфликт. Гутереш забележа дека нападот на Хамас, во кој беа убиени 1.400 лица во Израел, е резултат на долгогодишниот лош третман на израелските власти врз палестинското цивилно население.

Важно е исто така да се препознае дека нападите на Хамас не се случија во вакум. Палестинскиот народ 56 години е подложен под задушувачка окупација. Гледаа како нивната земја постепено е проголтана од наслеби, полни со насилство. Нивната економија е задушена, потоа луѓето се раселуваат а нивните домови се уриваат. Нивната надеж за политичко решение на нивната голгота исчезнува. Но, маките на Палестинскиот народ не го оправдуваат грозоморниот напад на Хамас и таквите грозоморни напади не го оправдуваат колетктивното казнување на Палестиснкиот народ, рече Гутереш.

Пораката на Гутереш, ги разгневи Израелците. Израелскиот амбасадор побара од Генералниот секретар да си поднесе оставка, додека пак Министерот за надворешни работи, Илај Коен, го праша Гутереш во кој свет живее.

Им го дадовме на Палестинците секој еден милиметар од Газа. Нема никаков спор кога се однеува на земјата во Газа. Но, тие ги земаат парите кои им ги дава светот и наместо да градат болници, канцеларски простори, комерцијални центри, тие ги земаат парите да копаат тунели, да градат фабрики за ракети. И тоа не за доброто на народот, обвини коен.

Претходно Агенцијата за палестинските бегалци во Газа предупреди дека најдоцна до утревечер, ќе биде приморана да ја прекине својата операција во Појасот поради хроничниот недостаток на гориво. По нападот на Хамас на 7 октомври, Израел ја стави под комплетна опсада Газа, прекинувајќи ја испораката на секакви добра во Појасот. По макотрпни преговори, во текот на викендот и вчерашниот ден, беше дозволен влез на 50-на камиони со храна, вода и лекови, но не и гориво. Тоа го натера Египет, преку чија територија се одвива целата достава на помош, да оцени дека во моментов во Газа, горивото е поважно од водата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе