Вести Свет

Во Нагорно Карабах не остана речиси никој – раселените со денови пешачат до Ерменија – децата пристигнуваат дехидрирани и неухранети

Пограничниот ерменски град Горис стана засолниште за повеќе од 100.000 бегалци од Нагорно Карабах, по воената операција од Азербеџан минатата недела.

Утринава од таму си замина и последниот автобус со жители, и во овој распарчен регион останаа цивили кои можат да избројат на рака, соопшти мисијата на ОН која од неделата престојува во градот. Ерменците патуваа со денови, а засолништа наоѓале во пештерите. Единствениот пат кој го поврзува Нагорно Карабах со Ерменија беше под блокада 9 месеци од Азербеџан. За да ги избегнат азербеџанските дронови, бегалците мораа патот да го најдат низ густите и студени шуми.

  • Беше многу тешко, на пат бевме 26-29 часа. Имаше многу метеж, тешко е да се дојде до тука, мајка ми се разболе по пат, исто и брат ми и неговите деца и внуци. Беше многу многу тешко.

Меѓу бегалците има околу 30.000 деца. Изморени од патот, кој трае со денови, во Ерменија пристигнаа дехидрирани и неухранети. Меѓународната организација за миграција отвори мобилни клиники. Освен примарна здравствена нега и дијагностика, тука се и психолозите, а некои одат и во болница.

  • Луѓето пристигнуваат истоштени, ги оставиле своите работи и домови. Луѓето имаат ургентна потреба, вели  Анџела Мур, раководител во УНХЦР

Ерменските власти веќе обезбедиле бесплатно домување за повеќе од 30 илјади раселени. Но, голем дел од нив се и хоспитализирани со сериозни рани од експлозијата на безниснката станица во која загинаа над сто луѓе.

  • Тука сме во Националниот центар за изгореници во Ереван. Апсолутно потресни сцени. Имаме 80 кревети. Исполнет е капацитетот со жртви на изгореници. Даваме се од себе од СЗО да донесеме прибори за изгореници во следните 24-48 часа. Посегнавме и до некои земји-членки со голема поддршка, меѓу нив Белгија, Израел, Либан, кои ќе донесат специјалисти за изгореници за да ги поддржат потребите овде, вели РОБ БАТЛЕР, РЕГИОНАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ЕВРОПА – СЗО

Планинскиот регион Нагорно-Карабах без излез на море е предмет на долгогодишен територијален спор меѓу Азербејџан, во кој се наоѓа, и неговото етничко ерменско мнозинство, поддржано, но не и признаено од соседна Ерменија.

Меѓународно признаен како дел од Азербејџан, до неодамна голем дел од него беше управуван од непризнатата Република Нагорно-Карабах, која по кратката воена офанзива минатата недела, соопшти дека ќе престане да постои во јануари.

По последниот инцидент Ерменија го обвини Азербеџан за етничко чистење, ја повика Европската унија да го санкционира Азербејџан поради неговата воена операција во Нагорно-Карабах и предупреди дека Баку наскоро ќе ја нападне Ерменија доколку Западот не преземе цврста акција.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе