Вести Свет

Што бара сѐ уште Русија во Генералното собрание на ОН, прашува Зеленски

Утре во Њујорк започнува Генералното собрание за ОН, на кое ќе учествува и украинскиот претседател Зеленски, кој од меѓународната организација денеска побара одговор – што бара Русија, земјата која ја нападна Украина, сѐ уште во ОН. И ако во Обединетите нации сè уште, за жал, има место за руските терористи, прашањето чинам не е за мене, туку за сите членки на Обединетите нации“, рече Зеленски, кој утре ќе учествува на отворената дебата за Украина во Советот за безбедност, а Русија е една од постојаните членки на Советот на ОН.

По 19 месеци жестоката руска инвазија Зеленски ќе се обрати пред асамблеата, но признава дека поради присуството на Лавров не знае како ќе излезе работата.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, кој е исто така во Њујорк, рече дека на Украина ѝ е потребен мир, но истакна праведен мир, за што е потребна поддршка од што е можно повеќе членки на Обединетите нации.

За Украина, непосреден приоритет е мирот, но праведен мир. Праведен мир. Генералното собрание на Обединетите нации е најважната платформа за генерирање на динамика за напредок во мировните напори. Ја поддржавме Украина пред воената агресија и ние работиме за праведен мир. И тука е моментот да го направиме тоа. Сакаме да продолжиме да работиме со Украина за да обезбедиме широка поддршка за нејзината формула за мир од што е можно повеќе членки на Обединетите нации. И за тоа, сите министри ќе ја продолжат својата интензивен контакт со партнерите, рече борел.

Во меѓувреме ситуацијата во Украина е непроменета, воздушните руски напади продолжуваат. Денеска руски дрон предизвика пожар во украинскиот град Лавов, повреден е 26-годишен маж и оштетен е магацин. Украинците јавуваат дека 15 од 18 дронови биле пресретнати. Според извештајот на воздухопловните сили, вкупно 27 од 30 беспилотни летала Шахед биле пресретнати синоќа низ Украина.

Во меѓувреме американскиот сенатор Марк Кели пристигна во Киев на разговори со украинските власти. Тој пред новинарите најави дека вклучувањето на борбени авиони Ф-16 во флотата на Украина „ќе направи голема разлика“, за што започнува обука на украинските пилоти во Аризона, но тоа не значи дека авионите ќе пристигнат во Украина следниот месец.

Нема да видиме Ф-16, знаете, како летаат на небото над Украина овде следната недела или следниот месец. Ќе бидат потребни месеци за да се обучи тимот, но ќе стигнеме таму и таму ќе бидам јас. Размислете за нова и значителна способност и има некои работи преку кои треба да работиме и да сфатиме како точно сакаме да ги користиме авионите. Има многу различни улоги што тие можат да ги извршуваат. Но, мислам дека тоа ќе направи разлика, смета сенаторот кели.

Минатиот месец, Холандија и Данска објавија дека ќе ги дадат воените авиони на Украина, во долгоочекуваната објава дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече важна мотивација за силите на неговата земја.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе