Вести Свет

Најмалку 73 лица загинаа, над 50 се повредени – стравичен пожар во зграда со мигранти во Јоханесбург

Најмалку 73 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се повредени во стравичниот пожар што утрово избувна во повеќекатница во центарот на Јоханесбург. Меѓу жртвите има и седум деца од кои најмладото имало една година. Некои од луѓето кои живееле во зградата се обиделе да се спасат од огнот со скокање од прозорци што за дел од нив било фатално.

Според јужноафриканските медиуми, зградата се користела како неформално засолниште на мигранти од други африкански земји. Очевидци, пак, велат дека во објектот престојувале околу 200 лица. Спасувачките операции во зградата, која изгоре во целост, продолжуваат, па локалните власти стравуваат дека бројот на загинати би можел да расте.

Според портпаролот на Итната служба на Јоханесбург, меѓу загинатите е и едно дете. Најголем дел од повредените се згрижени во болнички услови, а на дел им е укажана прва помош на лице место, особено на оние кои се пожалиле на вдишување на поголема количина на чад. Мигрантите, како што нагласи Мулауџи, се вселиле во зградата без никакви официјални договори за закуп што ја отежнува работата на спасувачките екипи.

Градските власти на Јоханесбург формираа група за изнаоѓање на начини за пренамена на старите згради во централното градско подрачје. Дел од зградите се во раце на картели кои собираат наем од луѓето кои незаконски се сместени. Според официјални лица, тоа покажува дека мигрантите се принудени на таков начин на сместување, бидејќи не можат да си дозволат да плаќаат регуларна кирија во достоинствени услови за живот и ја повикаа владата да изнајде начин за решавање на проблемот со нелегалното сместување на бездомници.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе