Вести Свет

Седум луѓе загинаа, 117 се повредени, меѓу нив 12 деца – руски ракетен напад врз центарот на Чернихов

Седум луѓе загинаа, а 117 се повредени во руски ракетен напад врз центарот на Чернихов, град на северот на Украина. Меѓу повредените се и 12 деца и најмалку 10 полицајци. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм напиша дека оштетени се главниот плоштад, зграда на полититехничкиот универзитет и објектот на театарот.

Чернихов се наоѓа во близина на границата со Белорусија. Русија го зазеде градот на почетокот на инвазијата, но подоцна беше вратен под контрола на украинските сили.

Украинската противвоздушна одбрана собори 15 од 17 беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство што ги користеше Русија во последниот напад врз Украина во текот на ноќта, соопштија армиски претставници. Руското министерството за одрбана, пак, тврди дека е соборена украинска ракета над полуостровот Крим кој е окупиран од Москва.

Во меѓувреме, Русија тврди дека украински дрон погодил воен аеродром во северозападниот регион, Новгород. Од таму додаваат дека еден авион е оштетен, но нема информации за жртви. Украина засега не се изјасни за наводниот напад со дрон.

Украинскиот претседател Зеленски денеска пристигна во официјална посета на Шведска. Пред да замине на пат кон Стокхолм, тој ги промовира, како што вели, неодамнешните дипломатски достигнувања на Украина, но и подготовките на земјата за одбележување на Денот на независноста.

Бројот на жртви на фронтот во Украина се ближи до 500.000 руски и украински војници. Американски официјални лица за „Њујорк тајмс“ рекоа дека станува збор за значителен пораст на бројот на загинати во 2023 година како резултат на интензивните борби на истокот на земјата.

Руските загуби се ближат до бројката од 300.000, меѓу кои и 120.000 кои загинале во борбите. Украина, наводно, има 70.000 загинати и меѓу 100.000 и 120.000 ранети. Големиот број на жртви на двете страни е последица на жестоките борби во близина на Бахмут.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе