Вести Свет

Медицинската сестра Летби, виновна за убиство на седум бебиња, е најголемиот масовен убиец на деца во Велика Британија

Медицинската сестра Луси Летби од Велика Британија е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња , како и за обид за убиство на уште шест бебиња, кои биле згрижени на неонатално одделение на болницата во градот Честер во Англија.

Убиствата се случиле во болницата Грофица од Честер помеѓу јуни 2015 и јуни 2016 година, каде Луси Летби работела како медицинска сестра.

Болницата во која работела Летби во 2015 година доживеала значителен пораст на бројот на бебиња кои умирале или страдале од ненадејно влошување на нивното здравје без очигледна причина. Било утврдено дека Летби била на должност во сите случаи кога децата колабирале или умреле.

Медицинската сестра им наштетила на бебињата на начини кои не оставале многу трага и притоа ги убедувала своите колеги дека колапсот и смртта се нормални. Летби користела навидум безопасни материи за да им наштети на бебињата, до кои имала пристап, инјектирајќи им во системите инсулин, воздух или млеко, зависно од ситуацијата.

„На Луси Летби и беше доверено да ги заштити некои од најранливите бебиња. Но, нејзините колеги не знаеја дека меѓу нив има убиец. Таа направи се за да ги прикрие своите злосторства.Таа се обиде да ги измами своите колеги и да ја објасни штетата што ја нанесе како ништо повеќе од влошување на веќе постојната состојба на секое бебе. Во нејзините раце безопасни материи како воздух, млеко или лекови како инсулин  станале смртоносни“, изјави Паскал Џонс, Британско Кралско Обвинителство.

Сестрата Летби се смета за наголемиот масовен убиец на бебиња во Велика Британија на сите времиња.

Во сличен случај, пред 30 години Медицинската сестра Беверли Алит беше осудена на 13 доживотни затворски казни во 1993 година за убиство на четири деца и напад на девет други додека работела во болницата Грантам.

Пресудата за Летби ќе биде донесена во понеделник.

Југослава Дуковска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе