Вести Свет

Најмалку 23 повредени – нов силен земјотрес во Турција

Најмалку 23 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала што го погоди југот на Турција. Најголем дел од нив се повредиле при пад или скокање од зграда за да избегнат затрупување под урнатини.

Епицентарот на потресот бил градот Јешилјурт, во покраината Малатија, а бил почувствуван и во покраината Адијаман, но и во соседна Сирија. Земјотресот бил на длабочина од 11 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Турските покраини Малатија и Адијаман беа погодени од разорни земјотреси и во февруари оваа година, кога загинаа најмалку 50.000 луѓе во Турција и во Сирија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе