Вести Свет

Делови од Словенија и натаму без питка вода, први случаи на цревни болести во Корушка

Словенија наскоро ќе почне да гради монтажни мостови на местата кои претрпеа штети од големото невреме и обилните дождови што ја зафатија земјата минатата недела. Најавено е отворање и на дел од патиштата за сообраќај.

Словенечкиот Институт за јавно здравје предупреди на цревни болести во делови од Корушка во кои сè уште не е воспоставено снадбување со вода и го повика населението да продолжи со купување на вода во шишиња. Оние, пак, кои ја користат од водоводот, задолжително да ја превриваат. Во неговата филијала во Корушка досега се регистрирани десетина пријави за заразни болести.

Од институтот се сомневаат дека причина за инфекции се или контаминирана вода или храна или контакт со отпадот.

Професионалните и доброволните противпожарни единици, цивилната заштита и останатите служби и натаму работат на испумпување на вода од поплавените објекти, обезбедуваат пристап до отсечените населени места и на проодност на патиштата, отстранување на урнатите дрвја и помагаат во снабдување со основните потреби на населението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе