Вести Македонија Најважни

Младите се иселуваат – вработувањето и образованието клучни причини за емиграцијата

Со куфери на аеродромите и меѓуградските автобуски станици, младите на пат кон подобар живот. Образованието, инфраструктурата, невработеноста се дел од причините за големото иселување на младите од земјава. Сите општини ги „губат“ младите сили, само Липково има пораст на населението од 2 отсто, вели Петар Барлакоски.

„Кога би направиле споредба со пописот од 2002-та година вкупниот број на млади изнесува 24% од вкупниот број на население, додека пак сега според пописот во 2021-та година тоа е 18%, што претставува пад од 6%. Меѓутоа освен овој податок она што треба дополнително да се земе предвид дека 77.000 млади луѓе кои што биле родени во оваа држава повеќе не се резиденти што повторно укажува на тоа дека младите во се поголеми бројки за жал ја напуштаат државата“, вели Петар Барлакоски претседател на Младински образовен форум. 

„Ако секаде во светот паролата за пописот гласи да обезбедиме податоци за иднината тогаш иднината дефинитивно останува на младите, што значи дека податоците што ги собравме треба да се употребат, да се искористат таа иднина да биде многу подобра за нив. Овие податоци покажаа многу лоши тенденции за жал младите ја напуштаат државата.Меѓутоа до скоро 20 години не го знаевме ова, или го гледавме а не сакавме да го видиме“, вели Апостол Симовски директор на Државен завод за статистика.

Социјалниот,културниот, образовниот,еконосмкиот фактор ги тера поголем дел од младите да ги избираат урбаните наместо руралните средини. Па затоа ако сакаме да ги задржиме младите во земјата треба да им понудиме можности, иднина и квалитетен живот, сметаат познавачите.

„Колку платите се пресудни за задржување на младите зо земјава? Во истражувањето таа тема конкретно не е обработена но сепак кога ги прашуваме младите што е една од важните прашања тие го посочуваат вработувањето . Во нашата земја има пад на невработеноста но сепак сме далеку од европскиот просек“, вели Дона Костуранова директорка на ВФД за Македонија.

„Мал дел од општините издвојуваат 0,1 % од своите буџети за млади и сметаме дека ова треба ургентно да се промени. Дел од причините кои што доведуваат до ваква позиција е тоа што законот за млади не содржи рокови во кои што општините треба да ги исполнат обврските кои што законот им ги дава и затоа треба еден заеднички напор“, вели Катерина Шапкова Коцевска автор на студијата за „Финансирање на младинските политики“.

Агенцијата за млади и спорт која треба веројатно да биде меѓу првите во обидот да ги запре младите, најавува нов закон со што би се сменила ваквата слика.

„Најголем проблем за мене, го кажувам се надевам и премиерот го вети дека оваа агенција треба да прерасне во министерство бидејќи знаеме дека колку во околните земји околу нас имаат буџет сите а млади и за спорт, знаеме колку имаме ние“, вели Наумче Мојсовски директор на Агенција за млади и спорт.

Со поразителни бројки се одбележува и овогодинешниот меѓународниот ден на младите 12ти август.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе