Вести Македонија

Пресудата на скопска апелација под лупа на Судскиот совет

Судскиот совет по одморите ќе испита зошто скопска Апелација драстично ја намали 18 годишната затворска казна на велешанецот кој прегази 11-годишно девојче. Од судски велат дека го следат случајот, но очекуваат и Врховен да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судови. Вчера уште една собраќајка со жртва. Возачот ја прегазил на скопската обиколница и избегал.

Тешките сообраќајките ги полнат полициските билтени – казните ја брануваат јавноста. Осумдесетгодишна жена е последната жртва на македонскиот асфалт. Вчера попладне била прегазена на скопската обиколница, а возачот побегнал.

„На 08.08.2023 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот Р.И. (80) од Скопје и го напуштило местото. Од здобиените повреди на местото на несреќата Р.И. починала, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош“, се вели во билтенот на МВР.

И додека истражните органи го бараат возачот кој ја прегазил жената и си продолжил, јавноста бара одговори по одлуката на скопска Апелација која му скрати за 10 години од казната на велешанецот Ангелчо Николов кој во декември минатата година на пешачки премин под дејство на алкохол и со поголема брзина ја усмрти единаесетгодишната Магдалена Николова и избега.

Главните дилеми се дали олеснителните околности се доволни за преполовување на казната? – Треба ли толкава разлика да има во казните меѓу два суда кои се согласуваат дека обвинетиот е виновен? – За судијките од велешкиот Основен суд каењето не беше искрено, за апелационите судии тоа беше една од олеснителните околности поради кои ја намалија казната.

Во одговорите на дел од овие прашања ќе се вклучи и судскиот совет. Од таму се огласија дека следат случувањата поврзани со пресудата која во Апелација се „стопи“ од 18 на 8 години затвор, но очекуваат и Врховен да реагира.

Заради големата разлика во изречената казна, Советот најавува дека по годишните одмори ќе го испита овој случај. Воедно, Советот апелира до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Советот потсетува дека во неколку наврати и писмено побарал од Врховниот суд, заради невооедначеност на пресудите да се преиспита казнената политика, а по претходно направена анализа на судската пракса.

Осумнаесетгодишната казна за Николов е меѓу највисоките кои јавноста ги чула сообракајка со смртни последици. Низ годините револтот беше насочен поради ниските казни кои многу често беа условни или неколку години затвор.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе