Вести Македонија Топ вести

АРМ денеска испраќа 100 припадници во хуманитарна операција во Словенија

Сто припадници на Армијата на Република Северна Македонија заминуваат во хуманитарна операција во Република Словенија. Ќе помагаат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од Република Словенија.

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.

Во врска со тоа дали се размислува за некој вид материјална помош, министерската за одбрана Славјанка Петровска рече дека тоа за сега не е побарано.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера изјави дека штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра.

Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците. Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите завчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе