Вести Македонија Топ вести

На скопска токсикологија се повеќе млади пациенти во ноќните часови предозирани со кокаин, алкохол и виагра

Нема дежурство без кокаин, црн џип и вијагра. Со овие зборови професор Беќаровски го сподели своето искуство во последните 12 месеци како изгледа дежурство на Токсикологија. Загрижувачки е дека пациентите се на речиси 30-ина години. Тоа што порано се сметаше дека кокаинот е дрога за богатите, сега веќе имате дилема, вели Беќаровски.

Кога ќе го видите пациентот веднаш знаете дали зел чист кокаин или со примеси. За жал многу од тие џет сет журки кои се одвиваат во градот се изворот од каде доаѓаат многу пациенти кои се предозирани со кокаин . Тогаш се работи за чист кокаин тоа нашата лабораторија го докажува, меѓутоа има на пазарот се појавија 20 форми на т.н фејк кокаин кој е сличен по хемиската формула меѓутоа има многу понесакани ефекти одошто вистинскиот кокаин. И очигледно е распространет кај нас. Моментално цената на квалитетен кокаин е околу 100 евра грам, можете да претпоставите тоа кој може да си го дозволи, но доаѓаат пациенти кои дврдат дека го земале за 20 за 15 евра, и тогаш е со примеси на гипс, лимонтус, креда, то се не, а немаме докажано, вели проф. д-р Нико Беќаровски од Универзитетска клиника за токсикологија.

Во меѓувреме производството на нови синтетички дроги е секогаш два до три чекори пред здравствената фела, вели Беќаровски. Годишно излегуваат 100 до 125 нови дроги годишно во светот. За жал Македонија ги следи ваквите трендови, но со ограниченоста на нашите лабораториски капацитети не можеме да докажеме за кој тип на дроги се работи.  Сепак тука не се затвора прашањето со зависностите, милион и двеста илјади пакувања диазепам да се препишат во една година значи дека секој полнолетен граѓанин земал по кутија и пол, вели Беќаровски.

Ние не сме свесни во колкав степен на зависност се влезени нашите граѓани. Има држави каде што ако повеќе од 15 дена во континуитет го давате дизаепамот може и да одговарате. Затоа и се применуваат тие системи со викенд пауза токму поради овој степен на зависност. Кај нас голем дел од граѓаните, за жал многу млади не можат да заспијат без консумирање на диазепам, вели д-р Беќаровски. 

За професор Ангеловска, фармацевт  важно е граѓаните да знаат дека диазепамот  предизвикува зависност и тоа да им го потенцира лекар кога го пропишува лекот и кога фармацевтот го издава. Причините за зголемена употреба може да бидат различни:

Веројатно зголемената употреба на диазепам на која што постојано се укажува се должи најмногу на пандемијата со Корона каде што луѓето доживуваат страв и на еден начин се намали можноста за здраво живеење.  Анксиозноста некогаш многу подобро се лекува со прошетки, со промени на животниот стил, одколку со пиење диазепами иако тоа изгледа полесно, вели за Телма проф. д- р Бистра Ангеловска.

Според Ангеловска зголемената употреба можеби подобро се согледува сега заради построгата казнена политика за аптеките што го издаваа порано без рецепт, сега пак се бара задолжително рецепт за граѓаните и евиденцијата е попрецизна.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Дејан Дејан

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот

Дејан Дејан

Напаѓачи заедно со полицаец грабнале, тепале и уценувале скопјанец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе