Вести Свет

(Видео) Франција го дочека првиот авион со евакуирани граѓани од Нигер

Франција го дочека првиот од неколкуте планирани авиони за евакуација на свои, но и странски државјани од Нигер. Одлуката на француските власти за организација на извлекување на луѓе од западноафриканската држава доаѓа по, речиси, една недела од воениот пуч, соборувањето на демократски избраниот претседател на земјата и затворањето на нејзините граници. Покрај Франција, евакуација на свои државјани од Нигер најавија Италија, Шпанија и Германија.

Француското Министерство за надворешни работи како една од причините за евакуацијата го наведе неодамнешното насилство кон француската амбасада во Ниамеј.

Западноафриканското регионално тело познато како ЕКОВАС во неделата објави патнички и економски санкции против Нигер и не исклучи можност за употреба на сила доколку водачите на воениот удар не го вратат претседателот Базум на власт во рок од една недела. Хунтата во Нигер во меѓувреме доби поддршка од воените влади на Мали, Буркина Фасо и на Гвинеја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе