Вести Свет

Русија и помага на Турција да се справи со шумските пожари

Руското Министерство за вонредни состојби информираше дека испратило руски персонал да и помогне во гаснењето на шумските пожари во јужна Турција во услови на невиден топлотен бран кој го зафати медитеранот.

Амфибијата „Бериев Бе-200“ ја собира морската вода и ја исфрла преку ридските области на турскиот брег во близина на Анталија, популарна летна дестинација за руските туристи.

Министерството соопшти дека авионот исфрлил над 800 тони вода надвор од туристичкиот град Кемер.

Еден ден претходно, рускиот конзулат во Анталија ги повика своите граѓани да останат во своите хотели бидејќи чадот од шумските пожари ги зафати областите на турската ривиера.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Удри со возило во капија на Белата куќа, почина на лице место

Дејан Дејан

Велигден-Христос Воскресе, Навистина Воскресе

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе