Вести Свет Топ вести

Седум месеци протести против судските реформи на Нетанјаху во Ирзаел

Стотици илјади Израелци веќе седум месеци протестираат ширум земјата во најдолгите и најинтензивните демонстрации од основањето на државата. Луѓето кои ги исполнуваат улиците на Тел Авив и остантите големи градови во земјата произлегуваат од сите нијанси на политичкиот спектар, а единственото што ги обединува е спротивставувањето на премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата контроверзна судска реформа.

Демонстрантите протестираат против обидот целата моќ да биде ставена во рацете на владата. Има повеќе компоненти, но ова е основната. Да му се даде моќ на мнозинството да прави то сака. Тоа ќе биде многу празна демократија, што значи дека мнозинството може да прави што сака. Нема заштита на човековите права, нема заштита на малцинствата, нема заштита на жените, нема заштита од корупција, вели Амир фукс од израелскито демократски институт.

Предложените измени од владата на Нетанјаху се состојат од повеќе елементи, но во основата е ограничување на овластувањата на Врховниот суд преку одземање на неговото право да укинува закони кои се противуставни или штетни за граѓаните, и во исто време именувањето и продолжувањето на мандатот на врховните судии го прави ексклузивно право на Кнесетот, односно парламентот.

Ситуацијата во Израел е таква што ние имаме многу малку алатки за контрола на извршната власт во нашиот систем, бидејќи ние сме парламентарен систем, што значи дека нема вистинска поделба помеѓу извршната и законодавната власт. Владата го контролира Кнесетот, таа има мнозинство таму, затоа не постои вистинска поделба. Ние немаме два дома на праламентот, само еден, што значи дека мнозинството ја има власта, и владата го контролира законодавството, објаснува фукс.

И додека владата тврди дека измените се неопходни за да се ограничи влијанието на судиите кои не се избираат на директни избори, демонстрантите се убедени дека ова се коренити измени кои претставуваат промена на самиот систем, туркајќи го Израел кон автократија.

Ако тоа се случи, ќе маршираме кон уставна криза, што значи дека законите кои ќе бидат усвоени ќе бидат спротивни на уставните врдности во кои веруваме како нација, тврди шикма бреслер, една од организаторите на протестите.

Премиерот Нетанјаху, кој синоќа беше хоспитализиран и му беше вграден пејсмејкер, е премиер со најдолг стаж во историјата на Израел, но во исто време и премиер кој за прв пат во историјата на земјата успеа да ги обедини против него сите политички опоненти, со меѓусебно спротивставени идеологии. Животниот век на таа влада беше многу краток, едвај успеа да одработи половина од мандатот, пред да се распадне и на изборите Нетанјаху повторно да се врати на власт, овој пат со помош на екстремната десница. Неколку годишниот обид на опозицијата, сега полна со поранешни соработници на Нетанјаху, да го турне од власт, разгоре политичка криза во земјата чиј крај не е на повидок.

Но, обидот на Нетанјаху да ги протурка судските реформи веќе трајно го промени лицето на земјата, сметаат експертите.

Дали ќе прифатиме дел од реформата, или не, дали ќе опстане оваа влада или ќе имаме избори и друга влада, што и да се случи, мислам дека нешто се скрши овде, нешто што навистина го раскина израелското општество, како никогаш порано во минатото, оценува аврам диксин, професор по политички науки на хебрејскиот универзитет.

Првиот парламентарен филтер за законските измени е предвиден за утре, и ако го помине ќе го дели само едно гласање во Кнесетот пред да бидат и легално усвоени. Очекувањата се дека законските измени ќе бидат оспроени пред Врховниот суд, иронично, затоа што токму органичувањето на неговите овластувања се предмет на овие измени. Ако Врховниот суд ги отфрли, тогаш на владата останува дали ќе ја прифати таа одлука, или нема да ја прифати, што пак речиси сигурно би предизвикало и уставна криза во земјата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запален Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе