Вести Свет Топ вести

Силно невреме зафати голем дел од територијата на Србијa, предизвикана значителна штета

Силен дожд и ветар, проследени со грмотевици во Хрватска, додека голем дел од територијата на Србја беше зафатен од силно невреме со поројни дождови и град.

Српските медиуми јавуваат за големи штети предизвикани од невремето, од уништени земјоделски посеви до оштетени фасади и покриви на куќи, и искршени стакла на автомобили.

На социјалните мрежи се споделува видео од невремето во село Угљарево кај Трстеник, на кое се гледа како паѓа град со големина на јајце.

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Бурата се движи прилично брзо и српскиот хидрометеоролошки завод ја следи и издава предупредувања кои места ќе бидат погодени.

Во вчерашното невреме загинаа три лица, меѓу кои и 12 годишно дете во Нови Сад, кое загинало од струен удар или удар од гром.

Очекувајќи го невремето, претходно и властите во Словенија издадоа портокалово предурпедување откако метеоролозите соопштија дека земјата и денеска ќе бидат погодени од невреме, проследено со силни ветришта, грмотевици, пороен дожд и можна појава на град.

Портокалова тревога на ниво на целата земја издаде и и хрватскиот хидрометеоролошки завод, со исклучок на регионите Книн и Дубровник, каде што прогласи портокалово предупредување поради високите температури.

Во силното невреме кое вчера попладне ја зафати Хрватска направени се значителни штети на полуостровот Истра, каде сѐ уште се трага и по италијански турист кој паднал од брод.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Дејан Дејан

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот

Дејан Дејан

Напаѓачи заедно со полицаец грабнале, тепале и уценувале скопјанец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе