Вести Свет

Што значат американските санкции за директорот на српското разузнавање?

Александар Вулин е вмешан во транснационален организиран криминал, нелегални операции со наркотици и злоупотреба на јавна функција, а одржувал и заемна корисна врска со српскиот дилер на оружје Слободан Тешиќ, помагајќи им на илегалните испораки на оружје на Тешиќ да се движат слободно преку границата со Србија, тврди американското Министерство за финансии во соопштението со кое вчера објацви дека директорот на БИА е ставен на неговата црна листа.

Според Американците, потезите на Вулин ја унапредиле корупцијата во владините институции во Србија затоа што тој ги злоупотребувал своите функции за лична корист, вклучувајќи и вмешаност во синџир на трговија со дрога.

Тој ги искористи своите јавни позиции за да ја поддржи Русија, олеснувајќи ги руските малигни активности кои ја деградираат безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и обезбедувајќи ѝ на Русија платформа за натамошно влијание во регионот. Вулин е директор на Безбедносно информативната агенција на Србија, а претходно беше министер за одбрана и министер за внатрешни работи. Овие институции не се цел на овие санкции, се наведува во соопштението на веб-страницата на Министерството.

Санкционирањето на Вулин, според Вашингтон, ја покажува решеноста на САД  да ги повикаат на одговорност сите кои се ангажирани во коруптивни практики со кои ги унапредуваат сопствените политички агенди и лични интереси на штета на мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Според соопштението на американското Министерство за финансии, овие сакнции против Вулин вклучуваат замрзнување на имотот што тој може да го има во САД, но тие исто така значат и забрана за било какви трансакции со него од страна на американски државјани, компании, институции и банки.

Александар Вулин, директорот на српската Безбедоносно-информативна агенција (БИА) ставен е на листата на санкции на Министарството за финансии на САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе