Вести Македонија Свет

Фрлаат ѓубре каде ќе стигнат, се шири и непријатна миризба – депонирањето отпад е вечен проблем за Тетово

Депонирањето отпад е вечен проблем на градот Тетово. Иако за два месеца инспекторите за животна средина изрекле само 30 опомени за смет на недозволени места, сликите од мини депонии покажуваат дека многу повеќе несовесни граѓани фрлаат отпад каде ќе стигнат. Казнети се и граѓани кои испуштале отпадни води на улица.

„Од наша страна беа изречени 30 опомени на физички лица во последните 2 месеци во врска со неконтролирано отстанување на смет и беа изречени 5 прекршочни санкции. Исто така во овој период имаме проблем со испуштање на отпадни води од септички јами неконтролирано исфрлање и беа изречени 10 решенија со кои се наложува на граѓаните да вршат чистење на септичките јами, а исто така беа изречени 5 прекршочни пријави за неконтролирано испуштање на отпадни фекални води на јавна површина“, изјави Томислав Јоргушески од Инспекторат за животна средина во Општина Тетово.

И контејнерите во градот често се преполни, со расфрлан отпад околу нив, поради што се шири и непријатна миризба. Дополнителен проблем се и картоните кои ги фрлаат фирмите, за што од Инспекторатот му сугерирале на Јавното комунално претпријатие да обезбеди садови за селекција на отпад.

Градоначалникот се правда со лошата финансиска на состојба на претпријатието.

„Поради ситуацијата со која се соочува претпријатието, ние започнавме со сериозна постапка за реконструкција со основањето на две нови претпријатија – за снабдување со вода и канализација и за менаџирање со отпадоците. Во меѓувреме треба да се објави и тендерот за избор на приватен партнер кој ќе оперира на менаџирање на отпадоците, а со тоа убеден сум дека проблемот еднаш за секогаш ќе биде решен“, изјави Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово.

За да се казнуваат несовесните граѓани преку видео надзор ќе се набљудуваат критични точки, каде најчесто се фрла отпад.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Компјутерски алатки со вештачка интелигенција навлегуваат во секојдневието на човекот

Дејан Дејан

Врховниот судија фатен in flagranti со пари, се бара притвор за него, но нема докази за да бара притвор и за вториот осомничен- Јавното обвинителство објави детали за истрагата за Георгиев и Мемети

Дејан Дејан

Извршен претрес во канцеларијата на Иџет Мемети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе