Вести Македонија Топ вести

Судски совет контра сите критики, фалби само за Гир кој им најави оценска мисија

Од граѓаните преку медиумите, до правните експерти и невладините, сите според судскиот совет се виновни за сликата за институцијата која поради нивните постапки е креирана во јавноста. Во одговор на најавата дека ЕУ ќе испрати оценска мисија во Судскиот совет, која евро-амбасадорот Дејвид Гир ја кажа даде во интервјуто за Топ Тема на Телма, советот го фали Гир, ама критикува се останато.

Пофалби и благодарност до евро-амбасадорот Гир, критики и жалби за медиумите, правните експерти и невладините организации кои им ги ловат грешките, судскиот совет се огласи откако  евро-амбасадорот в интервју за Топ Тема на Телма најави оценска мисија од Брисел за увид во работењето на Советот. Но она што им пречи на членовите на судскиот совет и од што изразуваат цитирам „голема загриженост“ е тоа што телото според нивна проценка е „изложено на  жестока и неаргументирана  медиумска и  политичка кампања, како и притисок од невладиниот сектор со отворени повици за оставки“. Намерата на соите спомнати била комплетно да се  дезавуира кредибилитетот  на членовите, но и  угледот на институцијата во  целина, се обраќаат писмено до јавноста од Судскиот совет.

  • Соопштение на судски совет: Членовите  се свесни за  лошата перцепција што е креирана  во јавноста во изминатите месеци, но одбива да прифати дека  работи нелегитимно и се носат  незаконски  и неаргументирани одлуки, со кои наводно се штитат нечии лични или партиски интереси. И покрај тоа што сите седници на Судскиот совет се јавни, остануваме разочарани што јавноста и граѓаните веќе подолг период остануваат  покуси  и неинформирани  за голем  број активности што ги спроведува во моментов Советот, а  кои опфаќаат интензивна  работа околу  редовната оценка на судиите, избор на нови судии од редот на академците, како и  на претседатели на судови, посети, извештаи, постапки за утврдување на одговорност на судии.

Амбасадорот Дејвид Гир во интервју за Топ Тема на Телма наведе дека после случувањата во судскиот совет. ЕУ ќе испрати оценска мисија. Очигледно е дека не ја врши работата да ја штити и и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството, наведе Гир. Премиерот Ковачевски вели дека ја поздравува и поддржува оценската мисија во Судскиот совет, кој е институција која треба да обезбеди независно судство, но е „алергичен“ на надворешни критики.

Судскиот совет упадна во криза при обидот за смена на претходната претседателка Весна Дамева, а меѓу првите одлуки по тоа беше затворање пред медиумите и бркање на снимателски екипи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сите се прогласија за победници во албанскиот блок, но кој ќе биде иден партнер во Владата?

Дејан Дејан

Преговори за влада од следната недела, ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите

Дејан Дејан

Македонија доби претседателка – Силјановска во Вила Водно, Пендаровски се враќа на Американ колеџ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе