Вести Македонија Топ вести

Адвокатката Кети Петкова била шест години обвнителка, а сега е на чекор да влезе во најмоќното обивнителско тело

Адвокатката Кети Петкова била шест години обвинителка, а сега е на чекор да влезе во најмоќното обвинителско тело. Но токму Советот на јавни обвинители и пресудил на нејзината обвинителска кариера во 2009-та. Таа тврди дека од обвиниителските води излегла откако не била реизбрана, односно не и бил трансформиран мандатот во траен. Од Советот на јавни обвинители за Телма велат дека функцијата и престанала поради нестручно и несовесно работење.

Во 2009 тогашниот состав на советот на јвни обивнители утврдил дека работела нестручно и несовесно поради што и претстанал мандатот 14 години подоцна е кандидат за член на ова тело. Кети Петкова поранешната обвинителка од Гевеглија а сега адвокатка деновиве го помина првиот комисиски филтер  а според информациите кои официјално ги побара и доби Телма од таму, токму Советот на јавни обвинители оценил дека Петкова која во тоа време се презивала Камчева несоодветно ја вршела работата и поради тоа  и престанал мандатот

  • Од страна на Советот на јавните обвинители  на ден 20.07.2009 година е донесена Одлука за престанок  на функцијата јавен обвинител која гласи на Кети Камчева , Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Гевгелија и престанува функцијата Основен јавен обвинител поради нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител- Совет на јавни обвинители.

Дали е етички да стане член на обвинителското тело кое еднаш и пресудило на нејзната обвинителска кариера и сега таа да одлчува во жалбените постапки за обвинителите, Петкова во телефонски разговор за Телма не сакаше да дискутира за оваа дилема. Тврдеше дека работела стручно и совесно а мандатот не и бил продолжен односно не и бил трансформиран во траен

  • Бев избрана во 2003та со мандатот од 6 години.  Во 2004 се донесе новиот закон со кој се востанови траен мандат и за обвинителите за судиите. Пред истекот на времето од  6 години не ми го продолжија мандатот во траен . Тоа го искористи тогашната партија на власт и не ми го продолжи мандатот. Не сум разрешена и немаше никаква постапка против мене.  Секогаш стручно и совесно сум ги извршувала своите работи, сум била независна и не сум била партиски определена, вели Кети Петкова, адвокат поранешен обвинител.

Со 7 гласа За од владеачкото мнозинство, собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата во понеделникот  ја утврди Петкова како предлог за член на Советот на јавни обвинители. Следен чекор е  нејзиното име да биде потврдено и на пленарна седница. Преходно поддршка од членовите на комисијата доби и Светлана Жупаноска, стручен соработник од Граѓанскиот суд . Двете доагаат како предлози од Собранието за членови на советот на јавни обвинители.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Дејан Дејан

Сите се прогласија за победници во албанскиот блок, но кој ќе биде иден партнер во Владата?

Дејан Дејан

Преговори за влада од следната недела, ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе