Вести Македонија

Претставници на лицата со цистична фиброза повикани на средба во Министерството за здравство

Лица со цистична фиброза денеска треба да остварат средбаи во Министерството за здравство, на кои најверојатно тема на разговор ќе биде постапката за набавка на лекот „трикафта“ за другите пациенти односно до каде е процедурата за истата, како и за центар каде ќе се лекуваат овие лица, информира Ивана Атанасоска, претседателка на Асоцијацијата за цистична фиброза.

Неодамна, во Собрание не помина предлогот за ослободување од партиципација од медицински услуги и лекови на пациенти со цистична фиброза над 26 години.

Како што била информирана Асоцијацијата за цистична фиброза, пациентите биле ослободени од партиципација уште во 2019 година.

Асоцијацијата за цистична фиброза бара решение подолго време за овој проблем.

Оттаму се надеваат дека и покрај гласањето против, и со документот од 2019 година дека лицата со цистична фиброза се ослободени од партиципација, конечно ќе се најде решение со што пациентите ќе се ослободат од овој финансиски товар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Дејан Дејан

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе