Вести Македонија Свет

Столтенберг со втор најдолг мандат во историјата на НАТО – Норвежанецот доби поддршка од сите членки на Алијансата

Мандатот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е продолжен, а тој ќе остане на чело на Алијансата до крајот на септември 2024 година.

Членките на НАТО одлучија да го продолжат договорот со Столтенберг со цел искусниот лидер да остане на чело на Алијансата додека трае војната во Украина. Официјално ќе биде поддржан од лидерите на НАТО за време на самитот во Вилнус на 11-12. јули.

Столтенберг на Твитер напиша дека е почестен од одлуката на сојузниците во НАТО да му го продолжат мандатот. Додаде дека трансатлантските врски меѓу Европа и Северна Америка ја штитат нашата слобода и безбедност речиси 75 години, а во уште поопасниот свет, силниот сојуз на Алијансата е поважен од кога било.

Норвежанецот е на чело на НАТО од 2014 година, а мандатот му се продолжува три пати. Иако уште во февруари изјави дека нема да бара продолжување на мандатот, тогаш не одговори на прашањето што би направил доколку членките на НАТО побараат од него да остане.

Ова е втор најдолг мандат во историјата на НАТО. Повеќето од претходниците на Столтенберг служеа само четиригодишен мандат, а само Холанѓанецот Џозеф Лунс има подолг мандат од него, кој траеше цели 13 години, од 1971 до 1984 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигден-Христос Воскресе, Навистина Воскресе

Дејан Дејан

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе