Вести Свет

Курти: Мерките на ЕУ се направедни

Косовскиот премиер Аљбин Курти денеска ги оцени како непревадни мерките што ги усвои Европската унија против Косово поради непреземање мерки за деескалација на ситуацијата на северот на земјата.

На отворањето на новиот парк во селото Давидовац во општина Штимље, Курти рече дека не се работи за санкции, туку за мерки кон Косово кои се неправедни, пренесува Бета.

Косово не може да прави компромиси со владеењето на правото или со уставноста, па затоа ќе продолжи да ја спроведува владината програма. Косово и неговата влада ја сочинуваат најдемократската, проевропската и најнапредната државна и извршна власт. Од друга страна, имаме постојана конфронтација со различни форми на агресија од Србија, која е автократска и проруска држава и која не се соочи со своето криминално минато на територијата на поранешна Југославија, каде што предизвика четири војни, изјави Курти за медиумите.

Тој изрази надеж дека мерките на ЕУ ќе бидат краткотрајни и оти ќе продолжи поддршката од Брисел за Приштина.

Курти рече дека Косово е подготвено и заинтересирано многу повеќе од Србија за нормализација на односите, со де факто признавање на косовската независност.

Ние сме за деескалација на ситуацијата, за да има мир и спокој на северот на Косово, а Косово и Србија како две земји да градат соседски односи од европски тип, рече косовскиот премиер.

Како што објавија претходно косовските медиуми, мерките на ЕУ против Приштина предвидуваат привремено прекинување на работата на работните тела во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Косово исто така нема да биде покането на состаноци на високо ниво, а билатералните посети ќе бидат прекинати.

Стапувањето во сила на овие мерки вчера го потврди и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кога посочи дека Косово не е вклучено во распределбата на фондот од 2,1 милијарди евра одобрен од Оперативниот комитет за инвестиции на Западен Балкан.

Од Брисел нагласија дека мерките се привремени и зависат од развојот на настаните на терен и одлуката за деескалација што може да ја донесе премиерот на Косово Албин Курти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе