Вести Македонија

ССМ ја почнува битката против 72-часовната работна недела за Бехтел&Енка- Уставен суд идната недела ќе ја добие иницијативата

ССМ со поддршка и помош на професори од правнито фактултет заедно со синдикалните активисти и правни застапници подготвува иницијатива за уставноста на Законот за работни односи со кој се воведе можноста за 72 часа работна недела, рече новиот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов во вечерашната Топ Тема на Телма.

Тоа што нас нѐ загрижува, и што сметаме дека можеби на МТСП му било главната причина е да се оневозможи ССМ во изминатиов период, во овие тешки моменти да ја поднесе иницијативата со изговор дека имало или немало овластено лице на ССМ. Денеска има овластено лице на ССМ, избрано на легитиме конгрес, од делегатите како највисок орган на ССМ, рече Трендфилов.

Трендафилов рече дека во текот на наредната недела иницијативата ќе биде подготвена и веднаш поднесена до Уставниот суд.

Иницијативата овој пат ќе биде најиздржана, и на таков начин ќе се обидеме да им укажеме на уставните судии, толку брзо колку што одлучија за усогласување на нивните плати со просечната плата, толку брзо повторно да одлучат да го укинат тоа и да не одлучуваат за истото прашање два пати, рече Трендафилов.

Пристојното работно време од 40 часа неделно е цивилизациска придобивка која што оваа влада, на брза трака одлучи да го зголеми, критикуваше Трендафилов.

Доколку и Уставниот суд не реагира соодветно согласно тоа што го вовел како пракса, синдикатите не ја исклучуваат можноста и во приватниот сектор да организираат протести, и доколку е потребно и штрајк, предупреди Трендафилов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе