Вести Свет

Должност на родителите е да ги задржат децата дома, повик на Макрон за смирување на протестите ширум Франција

Францускиот претседател им порача на родителите дека имаат должност да ги задржат децата дома за време на насилните протести во земјата кои започнаа по убиството на еден 17 годишен тинејџер од страна на полицијата во предградие на Париз. Овој речиси очаен повик на Макрон само ја отсликува сериозноста на ситуацијата со која се соочува Франција во обид да го задуши дивеењето на демонстрантите ширум земјата. Досега се уапсени најмалку 875 демонстранти, но нема јасни информации за повредени меѓу нив и полициските припадници.

Јасно е дека тоа низ што поминуваме е резултат на организирани, понекогаш и насилни и добро опремени групи, кои ги осудуваме, ги апсиме и ќе бидат изведени пред судот, но исто така и на многу млади луѓе. Третина од уапсените синоќа беа млади лица, некои од нив дури и премлади. Должност на родителите е да ги задржат дома, рече Макрон.

Одговорност за ескалацијата на протестите, кои започнаа со повик на мајката на убиеното момче, според Макрон, имаат и социјалните мрежи. Ги посочи Снепчат и ТикТок како платформи преку кои се организираат собирите и поради кои различни групи ги копираат своите дела на вандализам.

Ова, особено најмладите, ги води до некакво бегство од реалноста, и понекогаш добиваме чувство како некои од нив да живеат на улиците од видео игрите кои ги имаат затруено, оцени францускиот претседател.

Судири меѓу полиција и демонстранти не се ништо ново за Франција. Изминативе години таа мораше да се справува со прилично насилни протести на „жолтите елеци“ против зголемувањето на цените на горивата и генералните штрајкови на сидникатите против пензиската реформа. Но, последните три ноќи ги потсетија Французите на немирите од 2005 година, кои исто така избувнаа по убиство на две момчиња во предградие на Париз, населено со доселеници.

Да се зборува за 40.000 полицајци е е досега невидено во Франција. Тоа што сега е важно да се забележи во овој случај е дека немирите се проширени низ различни населби во повеќе градови пирум Франција, но исто и во надворешните територии, што не е секогаш случај. Значи немирите се шират, и секоја ноќ стануваат се понасилни, смета експертот за безбедност и кризен менаџмент Луи Бернард.

Експертите забележуваат дека досегашниот одговор на полицијата бил воздржан, стравувајќи тоа да не биде сфатено како полициска бруталност, што би довело до дополнително интензивирање на нередите. Но, премиерката Елизабет Борн по кризниот состанок со Макрон изјави дека од вечерва на улиците ќе бидат распроедени и оклопни возила.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе