Вести Македонија Топ вести

Почина новинарот и граѓански активист, Крешник Ајдини

Познатиот новинар, преведувач, културен работник, активист за граѓанското општество, Крешник Ајдини почина на 55 годишна возраст.

Ајдини е еден од основачите и на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во 2009 година.

Ајдини е основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година, познато по општествено одговорните содржини и пораките за мир и помирување во земјата.

Преведе голем број важни дела од албански на македонски и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.

Крешник Ајдини почина вчера, на 16 јуни, кога наполни 55 години. Погребот ќе се одржи денеска во Дебар, во 13 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе