Вести Македонија

Ќе успеат ли седумте земји на ЕУ да ги убедат останатите да го прифатат нивниот предлог за промена на начинот на гласање за проширувањето

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар нема дилеми дека предлогот на седумте министри за надворешни работи со кој се бара наместо едногласно, одлуките за европската надворешна политика и безбедноста да се носат со мнозинство гласови, се однесува и на проширувањето.

Словенија е една од земјите која стои зад иницијативата заедно со Германија, Белгија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Романија.

Словенија е една од седумте држави кои сакаат некои прашања да не се решаваат со консензус туку со мнозинство. Колку што знам и колку што го следам, тоа се однесува и на процесот на проширување и тоа може да го олесни патот на било која држава која сака да влезе во ЕУ, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

 

Министерот за надворешни Бујар Османи не очекува дека овој предлог ќе биде прифатен лесно.

 За да се смени начинот на гласање во еу треба консензус. Значи, треба земјите членки сами да се откажат од нивното право на глас и на вето за да овозможат квалификувано мнозинство. Очекувам дека ќе има многу тешкотии на тој пат. Нека продолжат, нека работат, се надевам дека ќе се успее. Во меѓувреме нашиот план е покреидбилен и пореалистичен во однос на имплементација, вели министерот за надворешни Османи.

Планот за кој зборува Османи е всушност планот од четири точки што претседателката на Европската комисија го претстави на форумот Глобсек во Братислава на почетокот на месецов.

Симонида Кацарска од Институтот за европска политика оценува дека предлогот е пред се поврзан со дејствувањето на Унијата на светската сцена и во заштитата на човековите права.

Директната поврзаност со процесот на проширување е прилично можеби би можеле да ја видиме ако го третираме проширувањето како политичко и безбедносно прашање., еу има јасни процедури не е примарно насочено кон процесот на проширување, смета извршната директорка на ЕПИ, Симонида Кацарска.

Вчера седум министри за надворешни работи на земји членки на Европската унија поведоа иницијатива за промена на начинот на носење на одлуките во Унијата кога станува збор за надворешната политика и безбедноста. Меѓу другото, предлагаат поголема употреба на конструктивната воздржаност без промена на европските договори.

 

Марија Дивитарова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе