Вести Свет

Почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвиот Берлускони почина во 86 година од животот. Беше лидер на политичката партија Форца Италија. Во изминатите четири денови беше хоспитализиран во Милано поради леукемија.

Тој беше на чело на  партијата што беше официјално основана во јануари 1994 година, за првпат да учествува на општите избори во март истата година.

Берлускони првиот пат беше премиер кратко време – седум месеци во 1994 година, пред повторно да биде назначен на истата позиција во 2001 година.

Втората влада на Берлускони е најдолгата во историјата на Италијанската Република. Но, на 20 април 2005 година тој понуди оставка на својата влада по поразот на регионалните избори и внатрешните проблеми во коалицијата. Потоа, на 23 април 2005 година, формираше нова влада без поголеми промени во нејзиниот состав.

На 12 ноември 2011 година Берлускони поднесе оставка до италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, по губењето на парламентарното мнозинство и големата економска криза што ја зафати земјата.

Берлускони беше и сопственик и основач на медиумските компании кои многумина ги нарекуваат „италијанска медиумска империја“. Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони бил најбогатиот човек во Италија со имот вреден 12 милијарди долари во 2005 година, а бил и 25-ти најбогат човек во светот.

Тој исто така беше претседател на фудбалскиот клуб Милан помеѓу 1986 и 2004 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе