Вести Македонија

Грабеж во банка во Капиштец – маскиран ограбувач, вооружен со пиштол ги зел парите и побегнал

Експозитурата на „Стопанска банка“ во трговскиот центар „Беверли“ во скопската населба Капиштец била ограбена утринава околу 9 часот и 30 минути.

Според информациите, грабежот го извршило маскирано лице кое влегло во банката и било вооружено со пиштол.

Ограбувачот им се заканил на вработените, кои ги присилил да му ги предадат парите и потоа избегал со пленот.

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата за грабежот, додавајќи дека се преземаат сите мерки да се расчисти случајот.

„Денеска (07.06.2023) околу 09.30ч пријавено е дека во експозитура на банка во трговски центар едно лице со закана со пиштол одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе