Вести Македонија Топ вести

Двете девојчиња кои се изгубија во Скопје го барале изгубениот паричник

Јавноста бара одговори што им се случило на двете девојчиња основното училиште „Гоце Делчев“ од струмичкото село Босилово, но од МВР велат дека поради нивната возраст не може да се откријат повќе детали.

На девојчињата на возраст од 12 и од 14 години им се изгуби трагата вчера околу 16 часот кај трговскиот центар Веро Џамбо во Скопје.

  • Станува збор за екскурзија во која учествуваа 123 ученици и 19 наставници. Значи, еден наставник бил задолжен за шест до седум ученици, што значи дека тоа е доволен број за да се има контрола над ситуацијата. По посетата на саемот групата дошла во Веро Џамбо, бидејќи туристичката агенција која е организатор имала договор со некој од рестораните, каде децата ручаат, а потоа било предвидено да се прошетаат во кругот на Веро Џамбо, објаснува за Фокус, директорот на ООУ ,,Гоце Делчев” Босилово, Стево Божинов.

Учениците заедно со наставниците заминале за Скопје во посета на Саемот на книга, по што отишле во Веро Џамбо да ручаат и да се прошетаат.

Загубените, па најдени ученички по кои трагаа сите, ќе бидат суспендирани од идни екскурзии

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе