Вести Македонија Најважни

Загубените, па најдени ученички по кои трагаа сите, ќе бидат суспендирани од идни екскурзии

На училиштен Совет во ОУ „Гоце Делчев“ од Босилово ќе се одлучува какви постапки или дисциплински мерки ќе бидат преземени за ученичките кои се загубија на екскурзија во Скопје. Директорот Стево Божинов за „Фокус“ потврдува дека  ученичките по кои се трагаше во иднина ќе бидат суспендирани од сите планирани училишни екскурзии.

Повеќе од осум часа траеше агонијата на родителите чии девојчиња вчера се изгубија во Скопје, за време на екскурзија организирана од нивното основно училиште ,,Гоце Делчев” од Босилово. Девојчињата на возраст од 12 и 14 години биле пријавени во полиција за изгубени околу 16 часот, од страна на нивната наставничка. Им се изгубил траг во Веро Џамбо.

По масовната потрага на МВР, но и на голем број граѓани, кои самоиницијативно се организираа преку социјалните мрежи, ученичките беа пронајдени десеттина минути пред полноќ, од страна на полицијата, во близина на Стара рампа, недалеку од местото каде последен пат биле забележани.

Како што ни потврдија од МВР, во добра состојба, но поради нивната возраст не можат да откриваат повеќе детали за јавност.

Во гимназијата во Македонски Брод годинава ќе матурираат сите 11 ученици

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе