Вести Македонија Најважни

Ако не може цел, да се објават делови од договорот со „Бехтел и Енка“, бараат невладините

Деловните тајни од договорот од 400 страници со „Бехтел и Енка„ да се маскираат или тргнат, а останатото да се даде на увид на јавноста. Ова е можното решение, според невладините организации за да се запази начелото на транспарентност дека, секоја информација што ја произведуваат властите, особено за трошењето на парите од даночните обврзници е информација од јавен карактер, но, истовремено да се заштити и компанијата.

Премиерот деновиве изјави дека од владата сакале да го објават договорот со „Бехтел и Енка„, но инвеститорот барал да не биде јавно објавен, па затоа станал државна тајна. Како поткрепа за ова, рече и дека, Јавното претпријатие за државни патишта кое е потписник на договорот, имало склучено слични договори и со други изведувачи.

Во меѓувреме, откако деновиве „против„ се изјаснија и некои од помалите партнери во власта, сега и довчерашните сојузници од Демократскиот сојуз инсистираат,договорот за изградба на коридорите 8 и 10 д со „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ да се објави и да биде предмет на стручна анализа и јавна расправа.Како дополнителна причина го наведуваат тоа што, законските измени се обврски вградени во договорот и прифатени од преговарачите и владата.

Од оваа партија ќе предложат и одложување на спроведувањето на договорот преку измена на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на автопатите.Ги повикуваат и пратениците, да отфрлат  продолжение на расправата по законите во скратена постапка и да инсистираат да се расправа во редовна и јавна дискусија, откако зад нив ќе застане Владата, а не група пратеници од ДУИ.

Не престануваат ниту препукувањата меѓу  најголемите партии.

Една од најспорните ставки кои протекоа во јавноста се зголемувањето на работните часови за работниците, за што во спротивно ќе се плаќаат пенали во милиони евра од државниот буџет.  Законот за експропријација е спорен во повеќе сегменти, меѓу другото и со изедначувањето на обештетувањето за легалните објекти со дивоградбите. За законот за минерални суровини, пак, постојат сериозни сомнежи дека отвора можност за криминал и корупција со скратените рокови за концесии за експоатација на камен, песок и други суровини, како и одредбата со која се дозволува експлоатација и шест месеци по изградбата. Пратениците за овие закони за кои се поднесени и голем број на амандмани, повторно ќе расправаат по празниците.

Досега проценетата вредност на овој проект е една милијарда и триста милиони евра но според проценките на експертите, поради лабавите клаузули во договорот, можно е сумата да достигне и до 2 милијарди евра.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе