Вести Македонија Топ вести

Телма открива: Повеќе од една година се спроведувала акцијата за бегство од Идризово

Повеќе од една година се спроведувала акцијата на затворениците за бегство од затворот Идризово, дознава Телма. Планот за копање на тунелот бил тајно правен зад очите на вработените. Затворениците имале и строго доверлива мрежа за што подоцна дознала затворската служба и  го разоткрила овој филмски план, изјави за Телма новиот директор на затворот Идризово, Зоран Јовановски.

„Ние заедно со службите од МВР кои се надлежни за водење на истраги, отпочнавме со работа за да откриеме да видиме кои се сторителите на тоа дело. Според нашите затворски прописи доколку се констатира и се утврди кој го направил тоа нормално ќе се пристапи кон дополнителни казни“, вели за Телма, Зоран Јовановски директор на затворот Идризово. 

Директорот Јовановски тврди дека ќе се заложи за обуки за квалитетно и ефикасно извршување на задачите на затворските службеници за да не дојде до ваков пропуст или обид за бегство. Во затворот Идризово постои дупка во процесот на вработувања, па министерството за правдда ќе вработува кои според Јовановски нема да бидат доволни, а ќе треба да обезбедат ефикасно функционирање на затворот.

„Установата се наоѓа во многу лоша состојба. Како финансиска, така и мотивот за работа е многу паднат. Тоа допринесува до условите за работа, не зборам за управната зграда која е реновирана и по некои стандарди правена, зборувам за затворската полиција која работи во некои услови кои не се нормални за денешно време. По интервјуто ќе имам работна посета на затворската полиција и ќе видам со какви капацитети располам“, вели за Телма, Зоран Јовановски директор на затворот Идризово.

Четири дена полицијата и обвинителството  го истражуваат случајот. Осудени лица во затворот Идризово ископале тунел долг околу 40-тина метри. Во копањето користеле греди, земјата ја ставале во кофи кои подоцна ја фрлале во најлонски кеси и ја прикиривале со отпадоци за да не им го откријат планот за копањето. Осудените лица користеле и сијалица додека копале за да им го осветли патот кој бил на само чекор до целта. Веднаш по откритието на тунелот, беше разрешен досегашниот директор Шпенд Тахири кој беше предлог на Алтернатива, партија која напушти владата. Зоран Јовановски, поранешен полициски началник со чин мајор е назначен за директор и се враќа од пензија на нова задача- поправање на пропустите во Идризово, проблем кој се влече со децении.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред партискиот Конгрес на СДСМ: Освен оставката на Ковачевски, СДСМ синоќа не се договори ниту како да се договара

Дејан Дејан

Си размени подароци со Папата, но ниту збор со Радев – Гордана Сиљановска – Давкова во посета на Рим и Ватикан

Дејан Дејан

При градежни активности во Битола откриен магацин со огромен арсенал на оружје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе