Вести Македонија Топ вести

Пред партискиот Конгрес на СДСМ: Освен оставката на Ковачевски, СДСМ синоќа не се договори ниту како да се договара

Освен што Ковачевски поднесе оставка, во СДСМ по синоќешната седница на Извршниот одбор јасно е само дека отчетниот конгрес и изборот на нов лидер треба да завршат најдоцна до крајот на јуни.

Но, партијата е во своевиден правен или статутарен хаос. Прво нејасно е дали и колку конгресни делегати се сега дел од ЗНАМ. А уште поголема е дилемата како ќе се бира новиот лидер. Статутот налага нова регистрација на членовите кои сакаат да гласаат, но проценките се дека тоа може да покаже голема апстиненција на членството.

Редоследот – отчетен Конгрес за (не) доверба, па избор на лидер, би значел дека ќе нема легитимни партиски тела кои би го спровеле изборот на нов лидер.

Сите проблеми, тврдат, извори на Телма се од фактот што послесните статутарни измени, направени по мерка да ја префрлат апсолутната власт во рацете на екс-лидерот Зоран Заев, сега буквално ја блокираат партијата во следните чекори.

За седницата на Извршниот одбор, СДСМ соопшто дека се почнати процедурите за нов изборен конгрес во јуни и дека целото раководство е во оставка:

На 23-та седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци.

Претседателот Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови.

Боби Христов

За тешкиот пораз на СДСМ Ковачевски одговорност гледа и кај поранешни високи функционери на партијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе