Вести Македонија Топ вести

При градежни активности во Битола откриен магацин со огромен арсенал на оружје

Арсенал од оружје е пронајден при градежни активности во старата битолска касарна каде Општината го подготвува теренот за изградба на нова противпожарна зграда. Веднаш е алармирана Дирекцијата за заштита и спасување по што се откопани 110 пушки, за кои дополнително Завод и музеј Битола ќе утврдува од кој период датираат.

Првичните претпоставки  се дека станува збор за магацин на оружје од перидот на Балканските војни

Бидејќи тука била линијата на фронтот, знаеме дека Битола била лежиште на бомби и гранати. Така што не е чудно што ова се пронајде во Битола, вели Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар од ДСЗИ.

Работите на локацијата каде се гради објектот привремено се запрени и во наредните денови екипите од Дирекцијата за заштита и спасување интензивно ќе работата на отстранување на оружјето.

Се надевам дека тоа нема да ги одложи работите на терен, за неколку дена тоа оружје ќе се отстрани, Завод и музеј ќе си преземе активности во откривање од кој период е ,за какаво оружје се работи, гледаме дека е лесно оружје, пушки, вели Тони Коњановкси, градоначалник на Битола.

Во Битолскиот регион каде минувала линијата на фронтот лежат огромни арсенали на оружје и неексплодирани убиствени средства останати од Балканските војни и Првата светска војна. Речиси секој ден при градежна активност или при изведување на секојдневни земјоделски работи, се откриваат неексплодирани убиствени средства.

Пред 4 години при изградба на стадионот во Битола беа пронајдени над 12 илијади артилериски гранати кои беа отстранети и уништени. Од Дирекцијата апелираат граѓаните  или изведувачи што ќе пронајдат вакви средства да не ги поместуваат и да пријават во полиција.

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе