Вести Избори 2024 Македонија Најважни

“Вреди” ќари мандат од ДПА и “Европскиот фронт”, Јахоски од ДУИ го потврди пратеничкото место, СДСМ и со губење го “стигна” Фронтот на ДУИ

По прегласувањето има само една промена во пратеничките мандати. “Вреди” во 6-тата изборна единица доби 8 мандат односно на ниво на држава сега има 14 пратеници. Нова пратеничка е Имрлије Салиу Фетаи од Гостивар.

Таа доаѓа на местото на актуелната заменичка министерка Фатмире Исаки од “Европскиот фронт” предводен од ДУИ. Исаки инаку е претставник на ДПА, а со губењето на нејзиното пратеничкото место, во Парламентот ќе остане само партискиот лидер Мендух Тачи додека коалицијата на ДУИ паѓа од 19 на 18 мандати.

Коалицијата на СДСМ сега доби помалку гласови во 5-тата изборна единица, но останува на ист број мандати (и во Изборна Единица 5 и во цела држава) затоа што во битката за место во Собранието победи ДУИ со што Исмаил Јахоски пд Пласница останува пратеник.

Во прегласување во 5-тата изборна единица зголемен број на гласови имаше и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но Донтовиот модел за пресметување беше на страната на интегративците и по прегласувањето излегоа со уште поголема предност пред коалициите на СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ. Најблиску до местото беше Боби Мојсоски од ЛДП (коалиција предводена од СДСМ), но сепак остана зад Јахоски-Пуцко Петрол.

Од друга страна иако СДСМ повторно “стопи” дел од гласовите сепак напредуваше на листата за пратеници со своите 18 мандати и сега се изедначи со коалицијата на ДУИ. Но, предноста е на страната на социјал-демократите поради тоа што имаат речиси 17 илјади гласови повеќе од Фронтот на ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ излегува од прегласувањето со нов плус во гласови (371 глас повеќе од 8-ми мај), но останува на ист број мандати 58.

Левица и ЗНАМ имаат минимално намалување на гласовите и остануваат на ист број мандати- по 6.

Единствениот плус во мандати и тоа само со прегласување на едно избирачко место, во селото Ларце, општина Желино, во 6-та изборна единица е коалицијата “Вреди” која сега има 14 мандати, а повеќе од половина пратеници им се од шестката.

Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе