Вести Економија Топ вести

Граѓаните ќе почекаат за поевтини кредити

Ниту годинава нема да има драматични промени во каматните стапки на кредитите. Иако, Европската централна банка најави дека во јуни ќе ги намали каматите, сигнал кој треба да го следи и Народната банка во земјава, банкарите велат дека граѓаните нема да почувствуваат некоја значајна промена.

Сметаат дека за да почнат да паѓаат, а кредитите да станат поевтини ќе биде потребен подолг временски период.

 -Ако дојде до одредени корекции нема да бидат во тие размери да се почувствуваат и да имаат таков ефект врз корисниците. Мислам дека за такво нешто ќе биде потребен еден малку подолг циклус. Не предолго, не мислам сега на некој период од неколку години, но сигурно оваа година нешто драматично нема да се случи, вели Санел Кустурица, претседател на УО на Шпаркасе банка

Поради глобалните случува, Народната банка неколку пати ја зголеми основната камата, а  помалите банки ги поскапија и кредитите. Сепак, банкарите уверуваат дека каматите на македонскиот пазар се многу пониски од оние во европските земји. Паралелно со каматите на кредитите требаше да растат и оние на депозитите, но таму процесот побавно се одвиваше. Банкарите се согласни  дека причината за тоа е добрата ликвидност. Односно имаат доволно средства, па на некој начин немаат потреба да ги мотивираат граѓаните да ги чуваат парите кај нив. 

-Секако банките одат во таа насока да зависат од депозитите и зависат од депозитите и во зависност од нивните кредитни  активности ќе работат на трансформација и на самата пасива, додава  Кустурица.

За разлика од ЕЦБ, Федералните резерви на САД  не се сигурни дека е време да се спуштаат каматите. Од таму велат дека треба многу да се внимава. И домашните експерти оценија дека глобалната инфлација е се уште висока, иако се намалува.

Во однос на преземањето на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална, банкарите очекуваат процесот на окрупнување на банките да продолжи. Во земјава има 13 банки.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе