Филмови

БАБИЦА – сабота, 25 мај 2024 – 19:15

Две француски актерски ѕвезди блескаат во оваа драма за пријателството што се развива помеѓу Клер (Катрин Фро), бабица соочена со криза во кариерата и Беатрис (Катрин Денев), слободоумна љубовница на починатиот татко на Клер.

Клер е неверојатно надарена бабица, со природен талент за пораѓање со голема нежност. Но, во текот на годините, нејзините деликатни начини, нејзиното чувство на гордост и одговорност се судираат со поефикасните методи на модерните болници. Поблиску до крајот на кариерата отколку до почетокот, таа почнува да се прашува за своите способности. Таа еден ден добива чуден телефонски повик, глас од минатото. Беатрис, екстравагантна и слободоумна љубовница на нејзиниот починат татко, има многу важни вести и сака повторно да се видат, по 30 години откако исчезнува без трага. Како што околностите ги обединуваат овие две сосема спротивни жени, борбената Беатрис е принудена да ги разгледа своите одговорности, додека стегнатата Клер конечно научува да ги остави проблемите зад себе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МОЈОТ АНГЕЛ – недела, 16 јуни 2024 – 22:15

Дејан Дејан

СТРАСТ – сабота, 15 јуни 2024 – 22:55

Дејан Дејан

РАЈОТ НА ГОРБАЧОВ – сабота, 15 јуни 2024 – 19:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе