Македонија Најважни

Мијалков 11 месеци порано излезе од затвор

Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК од денеска е слободен човек. Затворот во Струга брои еден затвореник помалку, а со тоа заврши и неговата кариера како возач на комбе за потребите на казнено поправната установа. Продолжениот празничен викенд Мијалков ќе може да го помине надвор од границите од земјава, а ќе може да оди и на летување каде сака, бидејќи неговиот живот зад решетки заврши.

Мијалков по спогодбата со обвинителството за случајот Империја доби три години затвор. Казната му е скратена за 11 месеци. Законот им овозможува на осудениците по истекот на половина од казната и поради добро поведение, да можат да бараат скратување на казната.

Барањето за условен отпуст на Мијалков го поднесе директорот на струшкиот затвор Ваљон Ќура.

„Го напушти затворот околу 9:30 часот. Пример беше за другите затвореници и се согласувам со Апелациониот суд кој му даде 11 месеци условен отпуст. Во врска со работата која ја извршуваше во затворот,  ги почитуваше неговите обврски,“ вели Ќура за Телма. 

Кривичниот суд најпрвин го одби барањето, а по него потоа  одлучуваше Вишото обвинителство, па Апелациониот суд кој го врати на почетната адреса. Тогаш Кривичниот суд  по напаствија на второстепениот суд му го уважи предлогот и му ја намали за четири месеци. На ова решение Мијалков имаше право на жалба пред Апелациониот суд, кој дополнително му ја скрати казната за  7 месеци под услов Мијалков до 25 април наредната година да не стори кривично дело.

На Мијалков во рамки на спогодбата за Империја му беше и одземен имот вреден 30 милиони евра. Дел од него веќе беше продаден на аукција, при што трите стана на Водно и една гаража ги купи  „Бест-веј инвестментс“, односно фирмата на неговиот син Јордан Мијалков.

Мијалков во март доби и ослободителна пресуда за случајот „Трезор“ во врска со злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.  Апелација претходно ја укина пресудата за овој случај, како и за случаите „Таргет- Тврдина“ за прислушувањето и „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Со измените на Кривичниот законик тој се спаси од казна затвор и за „Таргет- Тврдина“ и за „Титаник 2“.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе