Македонија

Си размени подароци со Папата, но ниту збор со Радев – Гордана Сиљановска – Давкова во посета на Рим и Ватикан

Си размени подароци со Папата, но денешниот ден е пропуштена шанса за да размени и зборови со бугарскиот колега Румен Радев.

Гордана Сиљановска-Давкова денеска беше на прием кај Папата во Ватикан. Му подари резба со мотив од птицата Феникс како симбол на бесконечноста. Римокатоличкиот поглавар доби и икона испратена специјално од поглаварот на МПЦ-ОА, Г.Г. Стефан, а генералниот секретар на Ватикан прими украс од народна носија.

И со тоа привршија денешните активности на претседателката, иако идентично како и Сиљановска – Давкова, во посета на Ватикан отиде и нејзиниот колега-претседател од соседството, Румен Радев.

На истата локација се појавија двајцата, но аудиенцијата кај Папата Франциск се одржа во различни термини – доволно за да се разминат и покрај првично искажаната волја да се сретнат.

Извори за Телма од претседателскиот кабинет брифираа дека целта на Гордана Сиљановска – Давкова е да покаже подготвеност за водење конструктивна надворешна политика, а средбата со Радев би била во насока на подобрување на односите помеѓу двете држави.

Но, до средба не дојде иако претседателите на двете земји, допатуваа на неколку дена во главниот град на Италија, Рим, по повод чествувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители.

Неусогласеност на агендите е причината што не се сретнаа. Неофицијално дознаваме дека условот на Бугарија бил средбата да се одржи во бугарската амбасада во Италија.

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во Рим и Ватикан ја предводи државната делегација. Со ова, таа ја запиша првата меѓународна посета откако стапи на функцијата претседател на државата.

Првата средба со шеф на држава, Сиљановска-Давкова ќе ја има утре, со претседателот на Италија, Серџо Матарела.

„Иако имаше простор во агендата на претседателката која ја предводи македонската делегација, сепак политичкиот дел остана во сенка на другите активности. Денешниот ден беше единствена шанса да се сретнат Сиљановска и Радев. Утре е планирана средба на претседателката со италијанскиот колега Матарела, по посетата на базиликата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил и базиликата Санта Марија Маџоре, со положување венец на плочата испишана на македонски јазик.“

Пред три години, тогашниот претседател Стево Пендаровски отпатува во Рим заедно со Румен Радев, на свеченостите за светите браќа.

Но, тензиите во односите продолжија и понатаму, а резултираа со вето за Македонија, од страна на Бугарија.

За Телма од Рим, Петар Догов.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе