Вести Македонија

Расте бројот на мозочни удари кај помлади пациенти

Околу 10 до 15 % од случаите со мозочни удари во земјава, се млади лица, односно пациенти од 18 до 50 години. Лекарите велат дека бројките растат. Постарата популација е изложена на традицоналните ризик фактори, како висок крвен притисок, дијабетес и слично, додека најголем процент од мозочните удари кај помладата популација се криптогени мозочни удари, односно кај нив не е откриена причината, вели д-р Сања Џамбазова Зикова.

Поголем дел од 40 до 50 % од тие пациенти имаат срцева аномалија која може да биде причина за мозочен удар, а во другата категорија спаѓаат и состојби коишто се поврзани со коагулопатии. Исто така повреди на крвните садови на вратот, формирање на плаки кај помладите пациенти, секако и стилот на живот, а овде употребата на никотин, алкохол и наркотици, рече д-р Џамбазова Зикова.

Д-р Данијела Војтикив Самоиловска вели дека не можеме да се пофалиме на здравствена култура и свесност за ризиците за едно вакво сериозно заболување. Дополнително потребен е и сопфатен третман на пациентите со мозочен удар.

Секако дека треба да се изготват подобри социјални програми за да имаме поактивен и поуспешен процес на рехабилитација на пациентите кои доживеале мочочен удар. Рехабилитацијата не значи само да се посетуваат вежби 21 ден со цел да се подобри моториката, туку значи комплетно еден пациент кој имал мозочен удар да успееме да го вратиме и да го приспособиме за вршење, за ако не на предходните работни задачи, барем за некои други за кои е способен и во нормалниот социјален живот, вели д-р Војтикив – Самоиловска.

Токму на тема – превенција од мозочен удар, денес се одржа работилница за судентите по здравствени науки на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, а во следниот период ќе се одржат низа предавања наменети за граѓаните.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе