Вести Македонија

Амнестирани граѓаните кои ги прекршија ковид протоколите и добија парични или затворски казни

Со 76 гласа „за“, еден „против“ и ниту еден „воздржан“ Собранието денеска во рамките на 106. пленарна седница го донесе предлог-Законот за амнестија на граѓани кои беа санкционирани поради прекршување на протоколите што беа воведени со вонредната состојба за време на пандемијата со коронавирус прогласена на 18 март 2020 година.

Предлагачи на Законот, кој беше донесен по скратена постапка се група пратеници, односно, како што може да се види од собраниските материјали на него како предлагачи се потпишани пратениците Арта Биљали-Зендели, Панчо Минов, Снежана Калеска Ванчева .

Според листата на гласање, објавена на официјалната интернет-страница на Собранието, од присутните пратеници кои гласале по предлог-Законот единствена против гласала пратеничката и претседателка на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Маја Морачанин.

Како што се наведува во образложението, на сега веќе усвоениот предлог-Закон, на сторителите на кривичните дела „пренесување заразна болест“ (член 205 од Кривичниот законик) и „непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“ (член 206 од КЗ) им се овозможува алтернативна мерка – условна осуда.

„Потребата од уредување на оваа состојба е наметната од големиот број на вакви предмети во Основниот кривичен суд Скопје. За да се надмине ова состојба за оваа категорија на осудени за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, парична казна, или заменета на парична казна со казна затвор согласно одредбите од овој закон, ќе се замени алтернативна мерка условна осуда“,

се наведува во образложението на Законот.

Поради прекршување на протоколите за време на вонредната состојба на голем број граѓани им беа изречени парични казни.

Граѓаните осудени на парични казни до и над 1 000 евра, како и оние кои поради неможност да ја платат или не ја платиле во целост таа им била заменета со казна затвор, со донесениот Закон за амнестија казните, и паричните и затворските, им се заменуваат со алтернативна мерка условна осуда доколку во наредните две, односно три годни не сторат друго кривично дело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе